Филмот „House of Gucci“ го налути познатото модно семејство: „Ова е болна навреда“

1 декември, 20210
003-830x0

– Семејството Гучи го задржува правото да преземе каква било иницијатива за заштита на своето име и имиџ, како и своите најблиски – се наведува во писмото

Наследниците на италијанската модна куќа Гучи го критикуваа новиот филм „House of Gucci“ поради наводното прикажување на членовите на семејството како “хулигани“.

Во овој филм, Лејди Гага ја игра Патриша Реџани, која е осудена за атентат на нејзиниот поранешен сопруг, модниот наследник Маурицио Гучи, во 1995 година.

Семејството го критикуваше филмот во писмо објавено од италијанската новинска агенција АНСА.

Во соопштението, семејството вели дека биле прикажани како „неуки“ во филмот во кој Адам Драјвер го глуми Маурицио Гучи, заедно со Џаред Лето и Ал Пачино, кои ги играат другите на членови на семејството.

– Семејството Гучи го задржува правото да преземе секаква иницијатива за заштита на своето име и имиџ, како и своите најблиски – се наведува во писмото.

Тие додадоа дека Алдо Гучи (го игра Пачино), кој беше претседател на компанијата од 1953 до 1986 година, и другите роднини се прикажани „како насилници, неуки и нечувствителни на светот околу нив, припишувајќи им на протагонистите (и) настаните, тон и став кој никогаш не им припаѓал“.

– Ова е крајно болно од човечка гледна точка и навреда за наследството на кое денес се гради брендот.

Семејството изјавило дека е особено навредено од прикажувањето на Реџани како жртва, која се обидува да опстане во „машката шовинистичка корпоративна култура“.

– Ова не може да биде подалеку од вистината – продолжува во соопштението, а семејството го опиша бизнисот кога тие биле на чело како „инклузивна компанија“.

Самото семејство Гучи не се поврзува со модната куќа од 1990-тите. Луксузниот бренд моментално е во сопственост на француската групација Kering.

Семејството моментално не презема никакви правни мерки против филмот и неговите продуценти, пишува Би-Би-Си.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris