Грешки кои сигурно ги правите при перењето на пешкирите: Ова е единствениот начин тие да останат меки!

9 јануари, 20220
Screenshot_2

Откријте каде грешите при одржувањето на пешкирите…

 

Колку долго пешкирите ќе останат меки и колку добро ќе ја впиваат водата зависи само од тоа како ги переме. Ви претставуваме неколку корисни совети со кои можете да го продолжите животот на своите пешкири и да ги сочувате меки.

 

Умерено користење на прашокот за перење

Повеќето од нас користат премногу детергент, без оглед дали е во праф или течна состојба. Меѓутоа, проблемот е во тоа што детергентот тешко се плакне од пешкирите и поради тоа тие наскоро стануваат тврди и оштетени.

 

Перење на помала температура

За пешкирите можете да користите исто подесување како и за вашите бели алишта и постелнината, односно вриење, но тоа не е секогаш најдоброто решение. Идеално би било да ги перете на температура од 60 степени, на тој начин најдобро ќе ги сочувате.

 

Избгнувајте омекнувач

Можеби е примамливо да додадете омекнувач со цел пешкирите да се уште помеки, но тоа може да ги оштети влакната на пешкирите и нивната еластичност. Пробајте да ги перете неколку пати без омекнувач и ќе се уверите. Премногу детергент кој тешко се плакне и плус омекнувач – ќе создадат вистински тврди и скаменети пешкири.

 

Не ги сушете предолго

Доколку користите машина за сушење никогаш немојте да ги оставите пешкирите премногу долго во неа. Сушењето на висока температура, исто така, може негативно да влијае на меката текстура на пешкирот. Најдобро е кратко да ги исушите и потоа да ги оставите природно да се досушат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi