ЗАРАЗЕНИТЕ СО ОМИКРОН ЧЕСТО МИСЛАТ ДЕКА Е НАСТИНКА Ова се најчестите симптоми на новиот сој на корона вирусот

popara17 декември, 20211min00
Screenshot 2021-12-17 170008

Ако имате симптоми на настинка, држете се подалеку од луѓе

Британскиот медицински журнал (BMJ) составил листа на најчести симптоми на инфекцијата со омикрон.

Податоците за најчесто пријавувани симптоми на омикрон беа собрани во студија спроведена од здравствената компанија Зое во соработка со Кралскиот колеџ во Лондон, а анализата беше направена на потврдени случаи на омикрон во Лондон, кој беше избран поради поголемото присуство на новиот сој отколку во други делови на Обединетото Кралство.

Петте најчесто пријавувани симптоми на омикрон се:

– Течење на носот – Главоболка – Замор (благ и тежок) – Кивање – Болка во грлото

Списокот на вообичаени симптоми вклучува и треска, кашлица, како и губење на чувството за мирис и вкус, кои беа најчестите симптоми на оригиналната варијанта на ковид, наведува BMJ.

Тим Спектор, водечки научник во студијата, вели дека било неопходно ажурирање на списокот со симптоми на коронавирус.

„Пораките што ги испратија од владата не беа доволно јасни. Мислам дека повеќето луѓе препознаваат симптоми слични на настинка. Јас едноставно би додал „симптоми слични на настинка“ на таа листа, рече тој.

„Мораме да ги едуцираме луѓето, да се вратиме на основите и да кажеме: Ако имате симптоми на настинка, држете се настрана од луѓе. Не треба да ги чекате тие класични симптоми на Ковид“, вели тој.

За да ги споредат симптомите на делта и омикрон соевите, експертите ги земаа симптомите на делта од неделата кога вирусот беше доминантен и ги споредија со најновите податоци (примерок од 363 случаи помеѓу 3 и 10 октомври 2021 година). Првичната анализа не покажала јасни разлики во раните симптоми на делта и омикронот (три дена по тестирањето).

Спектор вели дека е од витално значење јавноста да биде свесна за симптомите, особено во области како Лондон, каде што има висока стапка на омикронска инфекција.

„Ако имате симптоми кои потсетуваат на блага или тешка настинка, голема е веројатноста да имате ковид ако во моментот се наоѓате во област како Лондон“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma