Многумина толкуваат дека моќното, златно издание на Селма повеќе и прилега на некоја ѕвезда од сај-фај филм
Холивудската ѕвезда Селма Хајек (55) е сензуална и талентирана – вистинска природна убавица, која ретко прави модни утки. А кога тоа ќе се случи, се бележи како неуспех на годината!
Многумина велат дека моќното, златно издание на Селма повеќе и прилега на некоја ѕвезда од сај-фај филм. Имено, на премиерата на филмот „House of Gucci“, Селма облече златен фустан со потпис на брендот за чии основачи станува збор во филмот и ги подели мислењата.
Некои велат дека овој металик фустан и стои одлично, но други се згрозени, дури и модните критичари рекоа дека на Селма ова воопшто не и требало. „Фустан што чудно стои“, „златен оклоп“, се само дел од прекорувањата на нејзина сметка.
Имено, познатата актерка во филмот ја толкува улогата на Пина Ауриема, јасновидка која учествувала во организирањето на убиството на Маурицио Гучи, наследникот на модната империја „Гучи“.
Поранешната сопруга на Маурицио, Патриша Реџиано, со помош на Пина и уште неколку луѓе го организирала атентатот на нејзиниот поранешен сопруг и за таа „услуга“ им платила 250.000 фунти.
Сите биле осудени на огромни затворски казни, а жената која ја глумеше Селма добила 25 години затвор.
Покрај познатата актерка во филмот се појавуваат и Ал Пачино, Мадалина Џенеа, а главните улоги ги толкуваат Лејди Гага и Адам Драјвер.