Што е бакучиол и зошто го сметаат за подобра алтернатива на ретинолот?

popara14 декември, 20211min00
243_shutterstock-1085215253_f

Ја обновува кожата, го изедначува тенот и ја намалува појавата на брчки, а притоа не ја иритира кожата? Звучи премногу добро за да биде вистина. Меѓу многуте состојки кои моментално се на пазарот и се спомнуваат како исклучително ефикасни, бакучиолот се издвојува како состојка од растително потекло која ги има сите предности на ретинолот, но без несакани ефекти.

Бакучиолот потекнува од индиската ајурведска и кинеска медицина и се наоѓа во семките и лисјата на растението Psoralea corylifolia кое расте во Индија, Кина и делови од Африка. Овој т.н „хербален ретинол“ е природна замена за дериват на витаминот А (ретинол), но за разлика од него, тој е нежен за кожата, па може да го користат и луѓе со чувствителна кожа, но и бремени жени и доилки. Додека ретинолот се препорачува да се користи не повеќе од неколку пати неделно за ноќна нега на кожата, бакучиолот не ја прави кожата почувствителна на сонце, така што може да се користи два пати на ден, наутро и навечер (но се препорачува, како и обично, во комбинација со заштитен фактор).

Го стимулира производството на колаген, делува смирувачки, ја намалува појавата на брчки и хиперпигментација, а резултатите се видливи по 12 недели. Најмоќен е во формулации од 0,5 – 2%, а најчесто доаѓа во форма на серуми, емулзии, масла и лосиони, а може да се комбинира со други производи во рутината за нега на кожата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma