НЕМА ДА ПОМИНЕШ ДОБРО! Северина му се заканила на славниот астролог, тој ја покажа скандалозната порака во живо во емисија

22 октомври, 2021
Screenshot_3

Величковиќ објасни дека пејачката му ја испратила оваа порака бидејќи била изреволтирана од неговите астролошки предвидувања

Астрологот Душан Величковиќ ги шокираше водителите и гледачите кога покажа заканувачка порака што Северина му ја испратила на една телевизија во утринската програма!

– Еве што ти предвидувам јас на тебе… Многу логично, како што завршија сите лоши луѓе како тебе… Нема да поминеш добро затоа што зборуваш лошо за луѓето, а Господ гледа сѐ. Имаше шанса да бидеш човек, а ти си играш со Бог. Срам да ти е – беше содржината на пораката.

Величковиќ објасни дека пејачката му ја испратила оваа порака бидејќи била изреволтирана од неговите астролошки предвидувања.

– Со Северина работев со години, таа ми ја испрати оваа порака бидејќи ѝ предвидував дека ќе раскине со Игор и дека нема да има дете. Северина ја познавам од 2010 година, кога беше со Милан и тогаш работев со неа. Мислеше дека не ја сакам затоа што ѝ реков дека нема да остане со сопругот. Почна да ми се заканува. Според наталната карта Северина е родена за јавна личност, но спорно е што не може да се помири со вистината, сака да слуша само тоа што ѝ одговара- рече Величковиќ во утринската програма.

escort - Korsan taksi