Анастасија Ражнатовиќ ја менува професијата?! (ВИДЕО)

4 мај, 2021
2505691_anastasija-14062019-0007-1_ls

Уште еден предизвик од Тик-Ток

Анастасија Ражнатовиќ одлучи покрај пејачката кариера да започне и водителска кариера, во која е одлична.

Пејачката објави на Instagram предизвик од TikTok поставен од странски водител, во кој треба да се прочита текст од телепромптер, попознат како „идиот“ што го користат сите што водат ТВ-емисии, дневник и слично.

Анастасија го прочита за миг, имаше одлична дикција, а интересно е и тоа што текстот што го прочита беше на англиски јазик, па покажа дека нејзиниот акцент е добар. Видеото го сподели на Instagram со коментар:

– Некоја утринска програма, нешто?

Патем, Анастасија зборува одлично англиски јазик, што се должи на нејзиното школување на Кипар.