АНАСТАСИЈА ВО УЛОГА НА ШЕРОН СТОУН: Запали огин во фантазијата на мажите (ФОТО)

25 мај, 2021
2581775_anastasija-izvini-za-press-14_ff

Анастасија Ражнатовиќ денес го слави 23-от роденден и по тој повод реши да ја воодушеви публиката со дури две нови песни. Песните „Извини“ и „Готово“ го видоа светлото на денот попладнево, а таа ги почести и обожавателите со спотови за нив.

На првото видео, можеме да ја видиме Анастасија како Шерон Стоун во познатата сцена од филмот „Ниски страсти“, каде што седи на стол, игра и ги крсти нозете, додека мажите од публиката се потат.

На второто видео, Ражнатовиќ е во тинејџерски стил, со шарена перика и стајлинг полн со бои, а судејќи според коментарите, на нејзината публика навистина ѝ се допаѓаат двете песни.

Инаку, пејачката се погрижи за секој детал кога станува збор за овие две песни, од снимањето до реализацијата на спотовите. Таа минатата година ја сними песната „Готово“, додека „Извини“ е направена пред неколку недели.

– Бев крајно возбудена, инспирирана и исполнета додека снимав во студиото, а подоцна и кога ги снимавме спотовите! Мислам дека тоа ќе се почувствува и ќе се види во песните. Презадоволна сум од тоа како се излезе и сигурна сум дека ќе ѝ се допадне на публиката исто како мене – рече Анастасија во оваа прилика и додаде која песна ѝ е омилена:

– Тешко ми е да одлучам за една. Двете ми се многу драги и ми се при срце, навистина не можам да изберам само една. Тие се сосема различни и секоја има свој шмек, нешто уникатно што ми се допаѓа. Секоја девојка може да се пронајде во секоја песна, барем во некој дел – вели Анастасија и открива дека повеќе се пронаоѓа во „Извини“.

– Што се однесува до песната „Готово“, не можам да кажам дека се пронаоѓам во неа целосно, бидејќи тоа е патолошка врска, и би рекла дека е многу стабилна и нормална! Но, верувам дека се најдам во таква врска што би можела да се поистоветувам со неа, сепак јас ја напишав! (смеа) А што се однесува до песната „Извини“, се сочувствувам со еден дел од песната“ – изјави Анастасија.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi