АНДРИЈА МИЛОШЕВИЌ СТАНУВА ТАТКО: Радосни вести во домот на актерот, по 10 години врска, неговата ДЕВОЈКА е БРЕМЕНА?!

5 октомври, 2021
2743243_andrija-censored_ls

Актерот Андрија Милошевиќ и неговата колешка и долгогодишна партнерка Александра Томиќ Џеџа живеат заедно со години, а ретко зборуваат во јавноста за нивната врска.

Andrija Milošević

Дека се подготвени за нов чекор во животот покажува информацијата дека Сандра е бремена.

Имено, како што наведува извор близок до актерите, Андрија и Сандра ќе станат родители за неколку месеци, наведуваат медиумите.

Andrija Milošević, Aleksandra Tomić

Сандра и Андрија се заедно веќе една деценија, па сигурно е дека хармоничната двојка не може да добие подобра вест.

Во 2014 година, Андрија во интервју истакна дека Сандра е остварување на неговите соништа.

– Со Сандра сме заедно година и пол и уживаме во љубовта. Го поминуваме секој слободен момент заедно и се обидуваме најдобро да го искористиме времето помеѓу бројните деловни обврски. Патуваме многу, добро се забавуваме и можам да кажам дека најдов се што барав кај една девојка во Сандра – изјави Андрија за списанието „Hello“.