Брена и Боба го слават Божиќ на егзотична дестинација: Глетката го одзема здивот (ФОТО)

8 јануари, 2021
1591125428088-lepa-brena-5-830x0

Пејачката и нејзиниот сопруг традиционално патуваат за празниците

Пејачката sвезда Лепа Брена и нејзиниот сопруг, поранешниот тенисер Боба Живојиновиќ, не го прославија Божиќ во својата вила на Бежанијска коса, туку на егзотична дестинација.

Додека помладиот дел од семејството Живојиновиќ ужива во Србија, Брена и Боба уживаат на Малдивите, од каде пејачката објави прекрасна фотографија и со тоа откри каде се наоѓа.

Брена позираше со свртен грб, во бел фустан и со шешир, а пред неа се протегаше бесконечно синило.

Пејачката и нејзиниот сопруг обиколија половина од светот во 2020 година, а 2021 година нема да биде ништо поразлична, па отпатуваа на егзотична дестинација за празниците на почетокот на годината.

Да потсетиме, Александра и Филип Живојиновиќ за празниците престојуваат во Златибор, а се чини дека Брена и Боба ги преферираат потоплите дестинации на кои традиционално одат за празниците.

escort - Korsan taksi