БРЕСКВИЦА НЕ БИЛА УБАВИЦА ОТСЕКОГАШ Пред само една година, таа изгледаше сосема поинаку!

9 јули, 2021
Screenshot 2021-07-09 122632

Анџела Игњатовиќ Бресквица беше во фокусот на интерес последните месеци поради раскинувањето со Михајло Веруовиќ Војаж, а благодарение на нејзиниот атрактивен изглед и интересен стил таа има армија обожаватели.

Иако помина низ љубовен бродолом и нема надеж дека ќе се смири со Војаж, таа има многу додворувачи. Младата пејачка и јутјуберка ја поврзуваа и со фудбалерот на Партизан, Филип Стевановиќ, а и многу други воздивнуваат за неа.

Девојките го обожаваат нејзиниот стил, а многумина ги бојат прамените во огнено црвено и ставаат пирсинг како нејзиниот за да личат што е можно повеќе на неа.

Сепак, ни Анџела не изгледала отсекогаш како сега, а пред само една година беше целосно непрепознатлива. На Интернет се појави нејзина фотографија од минатата година, врз основа на која ниту нејзините најголеми обожаватели не би можеле да заклучат дека се работи за популарната јутјуберка.

escort - Korsan taksi