ЦЕЦА „ГРМИ“ КАКО ИЗГЛЕДА НА 48 ГОДИНИ, А ЕВЕ КАКО ОСЛАБЕ: „Пронајдов начин да не морам да ја оставам душата во теретана“

5 мај, 2021
Screenshot_2

Пејачката вели дека две намирници се клучни во нејзината диета.

Откако првпат се појави на сцената на 17-годишна возраст, пејачката Цеца Ражнатовиќ (47) се истакна со витката фигура што успешно ја одржува неколку децении подоцна. Дури и по двете породувања, таа нема проблеми со вишокот килограми.

Сепак, бидејќи не е имуна на гурманлиите, а во еден период од животот се опушти, Цеца се соочи со мал вишок од пет килограми.

„Никогаш не сум имала проблем со телесната тежина, бидејќи мојата генетика е одлична. Сепак, пред извесно време почнав да добивам тежина. Се соочив сама со себе и си реков дека сакам, пред сè, да живеам поздраво. Посетив одличен нутриционист што го познавав со години, преку заеднички пријатели“, изјави Цеца.

Бидејќи овој мал вишок ѝ пречеше и со свои зборови не се чувствуваше добро во својата кожа, пејачката ѝ се обратила на нутриционистката Ана Петровиќ, која пред неколку години ја убеди да ја поправи исхраната.

„Дојди Цеки, дозволи ми малку дати  ја коригирам исхраната“ и секогаш наоѓав изговори дека не ми треба. Бев убедена дека се хранам здраво и покрај сето тоа го постев секој пост. На крајот , Сфатив дека сакам промена. ѝ се јавив и заедно направивме план според кој се хранам. Бидејќи обожавам месо и салата, мојата исхрана се базира на тоа“, рече пејачката.

Веќе една година јаде по советот на Ана, но на почетокот ѝ било тешко.

„Првата недела ми беше најтешка, бидејќи е многу важно во кое време јадам. Не ми беше лесно да го балансирам времето за оброци со моите деловни обврски”, објаснува Цеца и додава дека помеѓу секој оброк треба да поминат 3 до 4 часа. Сепак, подоцна сè одело многу полесно.

„Се навикнав на таа исхрана и сега не знам како поинаку“.

Кога чувствувате потреба за слатки, што понекогаш се случува, има решение.

„Кога јадам нешто слатко, јадам, но според рецептот на нутриционистката. Верувале или не, постои рецепт за здрава нутела и овошен пудинг. Исто така, важно е да бидете умерени во сè“, објаснува пејачката и додава дека најважно е кога ќе се прекрши диетата да се вратите на стариот режим следниот ден и да не бидете водени од изговорот „од понеделник ќе почнам“.

Покрај исхраната, Цеца започнала и да тренира.

„Бидејќи не сакам да вежбам, најдов начин да останам во форма без да морам да ја оставам душата во теретана. Ги открив ЕМС вежбите – носиш костум низ кој поминува струја, резултатите се одлични”, заклучува фолк дивата.

escort - Korsan taksi