Цеца и пред Аркан ја носеше венчаницата: Две години пред бракот, носеше бело, а поводот ќе ве изненади! (ФОТО)

6 јануари, 2021
ceca-raznatovic.jpeg

Се појави видео во кое пејачката носи венчаница

Светлана Цеца Ражнатовиќ се омажи во 1995 година со Жељко Ражнатовиќ Аркан, за кого неодамна отворено и низ солзи зборуваше во една емисија и откри непознати детали за нивната љубов.

Како и да е, секој знае како изгледаше нивната венчавка и дека медиумите и јавноста будно ја следеа, а сега се појавија снимки на кои пејачката носи венчаница две години пред големиот настан. Имено, темата на новогодишната програма снимена уште во 1993 година беше маскенбал, а Цеца се маскираше во невеста. Во тоа време, таа веројатно немаше поим дека само две години подоцна ќе ја носи таа венчаница, за која се претпоставуваше дека чини не помалку од 50.000 евра, а која нејзината снаа Богдана ја носеше на црковната венчавка 24 години подоцна.

Погледнете ја оваа венчаница!