ЦЕЦА ОТПАТУВА ВО КИПАР? Пејачката објави видео од плажа, а сите се прашуваат само едно нешто

19 јануари, 2021
26305_ceca_f

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ избега од студениот Белград во потоплите краеви.

Имено, судејќи според снимките од Instagram профилот на Цеца, таа одлучи да отпатува во нејзината вила во Аја Напа.

– И морето како море, немирно и сино – напиша Цеца со видео-снимката од Кипар.

Следбениците на пејачката се прашуваат само во една работа – дали е можно фолкерката да е на одмор со своето ново момче Богдан Срејовиќ.