ЦЕЦА ПЛАЧЕШЕ, А БОГДАН И ИСПРАТИ ПОРАКА КОЈА ГИ РАЗНЕЖНИ СИТЕ Пејачката настапуваше на дожд, нејзиниот драг ја поддржуваше!

11 јули, 2021
Screenshot 2021-07-11 164522

Светлана Цеца Ражнатовиќ пееше од срце за публиката во Љубовија на „Дринската регата“, а дождот што започна да паѓа само придонесе атмосферата да биде уште подобра.

Цеца откри дека била на работ да заплаче од среќа поради емоциите што ги доживеала, а можеби и поради пораката што ја добила од нејзиното момче Богдан Срејовиќ.

– Љубовта која ја градиме јас и мојата публика трае со години, сме имале поголеми предизвици од дождот! Затоа вечерва пеевме и игравме на дождот и направивме незаборавна вечер! Би сакала да заплачам од среќа! Ви благодарам за ова чувство! – напиша Цеца.

Цеца и Богдан беа разделени некое време, со оглед на тоа што Ражнатовиќ беше во нејзината куќа на Кипар со нејзината сестра Лидија и внукот Жељко.

И по враќањето, таа веднаш дојде во Љубовија да одржи настап. Сепак, оддалеченоста за нејзината љубов кон Богдан не може да биде ништо, како што покажа неговата порака. Срејовиќ на својот Инстаграм профил објави фотографија на која пејачката е целосно мокра од дождот, со порака:

– Браво љубов!

И оваа порака покажа дека Цеца и Богдан се уште се заљубени и дека нивната врска оди подобро од кога било.

escort - Korsan taksi