ЧЕСТИТКАТА ИЗОСТАНА! Игор Којиќ слави роденден, а од Северина НИ ТРАГА НИ ГЛАС! Сега е јасно дека тие повеќе не се заедно?! (ФОТО)

31 јули, 2021
Screenshot 2021-07-31 135643

Крај на големата љубов!

Поранешниот фудбалер Игор Којиќ го слави својот 34 -ти роденден, а од пејачката Северина нема ни трага ни глас, што многумина го сметаат за дополнителен доказ дека повеќе не се заедно.

Имено, Игор сподели честитка од неговата сестра Наташа Којиќ на Инстаграм, додека Северина јавно не му го честиташе роденденот, како што тоа го правеше претходните години.

– Среќен роденден на мојот брат. Најмногу на светот – напиша Наташа со заедничка слика од детството, а Којиќ, барем засега, не откри каде и со кого го слави роденденот, но сите забележаа дека недостасува честитката на пејачката.