ЦРН ТЕСЕН ФУСТАН И ШЛИЦ ДО КОЛКОТ! Цеца ги спушти прерамките, па БОСА заигра пред 12.000 луѓе (ВИДЕО)

24 август, 2021
ceca-nastup-smederevo-promo-3-830x0

Игла немаше каде да падне на синоќешниот концерт на Светлана Цеца Ражнатовиќ, што се одржа во Лесковац.

Пред повеќе од 12.000 луѓе, балканската sвезда ги отпеа најголемите хитови, а публиката гласно пееше со неа до полноќ.

Во црн фустан, кој имаше шлоц до половината, Ражнатовиќ се појави пред публиката, која ја поздрави со громогласен аплауз.

– Мило ми е што вечерва повторно сум меѓу моите Јужњаци. Никогаш не заборавив од каде сум и од каде доаѓам – рече Цеца пред насобраната маса, а потоа додаде:

– Во право сте кога велите дека сите ние вечерва ќе покажеме што е мерак, бидејќи Лесковчани се фантастична публика и верувам дека заедно ќе направиме спектакл. Уште еднаш благодарам за дочекот и убавите желби – истакна музичката sвезда.

Веќе викендов, Цеца има концерт во Бугарија, а потоа и во Кикинда.

Погледнете како изгледаше концертот на Цеца во Лесковац во видеото, како и во галеријата во текстот.