Црвен, заводлив ФУСТАН, бујни локни и витка фигура: Луна Џогани ја воодушеви публиката со смело свадбено издание

21 август, 2021
310347_amigi-10112020-0118_ff

Луна стана мајка пред само два месеци, но тоа не може да се забележи по нејзината става.

Вчера Луна Џогани и нејзиниот сопруг Марко Миљковиќ присуствуваа на свадба на нивни пријатели, а откако се породи, пред нешто повеќе од два месеци, немаше можност вака да се дотера.

Пејачката и учесничка во реално шоу избра краток, црвен фустан, а заводливиот крој и свилениот материјал ја нагласија линијата на телото, но и атрибутите.

Никогаш не сме имале можност да ја видиме Џогани во толку светли бои кои и прилегаат извонредно, а црвениот кармин и бујните локни го завршија овој стајлинг на вистински начин.

Иако неодамна стана мајка, таа успеа да ја врати линијата за неколку месеци, а овој сет фотографии ги остави без зборови нејзините следбеници на социјалните мрежи.

Како ви се допаѓа стајлингот на Луна за оваа специјална пригода?

escort - Korsan taksi