ДАЛИ ЗНАЕТЕ ШТО Е БРЕНА? Српската фолк sвезда откри како го добила познатиот прекар и што значи тој збор

4 март, 2021
Screenshot_6

Лепа Брена, т.е Фахрета Јахиќ Живојиновиќ, откри како го добила познатиот прекар под кој денес сите ја препознаваат.

Брена, како што се сеќава, прекарот го добила во 1975 година кога сè уште била средношколка.

Нејзиниот тренер по кошарка е одговорен за сè, рече таа во документарниот филм „Лепа Брена – години на Слаткиот грев“, што беше прикажан на ТВ Прва.

Тогаш таа рече дека активно започнала да тренира кошарка, а на  нејзиниот тренер му било комплицирано постојано да ја нарекува „Фахрет“. Нејзини колешки беа Ката или Мила, сите кратки имиња. Па тој ѝ рекол дека ќе ја вика Брена.

Таа го прашала која е таа Брена, мислејќи дека е глупаво име. Во Босна, тоа било синоним за убава девојка, рече таа. Наскоро сфатила дека не е доволно талентирана за кошарка и кога Саша Поповиќ подоцна ја прашал дали има прекар, се сетила на тој настан и така станала Брена. ТВ презентерот Милован Илиќ Минимакс во 1981 година додаде „убава“ на тоа, а остатокот е историја. Сепак, како што забележува, зборот „брена“ во Босна се користи и за дрвен сад со кој жените црпеле вода од извор.

escort - Korsan taksi