Дара Бубамара бахато возеше бесен автомобил со три деца во него, а тоа го сподели на социјалните мрежи!

6 февруари, 2021
129071888_423397258830478_7543819133734156336_n_400x0

Пејачката дивееше зад воланот, ова не и требаше.

Пејачката Дара Бубамара често е мета на коментари поради своето арогантно однесување, а овој пат видеото што го објави, на кое покажа како забрза околу Белград со автомобил, предизвика бура од коментари.

Да бидат работите уште полоши, Дара возеше три деца во бесен автомобил, едно дете седеше напред и две одзади.

Пејачката го сними сето тоа, а на видеото може да се види дека брзината со која се движи е околу 150 километри на час.

Патем, ова не е прв пат пејачката да вози арогантно. Исто така, таа често објавува видеа од автомобили на својот Инстаграм, на кои јасно се гледа дека вози до 200 километри на час, а исто така е и снимена.