Денес, Марија Шерифовиќ има посебна причина за славење: Дали се сеќавате што се случи на денешен ден пред 14 години? (ФОТО)

12 мај, 2021
686fafd190556a28b7121906ccf2d788411140ff

Пејачката сподели спомен од пред 14 години

Денес Марија Шерифовиќ има посебна причина за славење, бидејќи во 2007 година во Хелсинки победи на Евровизија со песната „Молитва“ и со тоа го однесе престижното натпреварување во Србија.

Една од најдобрите пејачки на балканот го сподели ова сеќавање на својот Инстаграм профил, она што е многу интересно е тоа што Марија започна да ја слави славата Свети Василиј Острошки на 12ти мај 2007 година.

Тој 12.05.2007 година остана длабоко врежан во меморијата на сите нас, а Марија тогаш стана првиот претставник на Србија што ја однесе Евровизија во Белград. Песната „Молитва“ стана една од најслушаните песни, како во регионот, така и во целиот свет, а многу странски музичари сè уште ја пеат во оригинал.

escort - Korsan taksi