Дивата ужива со сопругот во Истанбул: Јелена одмара во топла бања, а покрај неа има еден многу романтичен детал (ФОТО)

20 февруари, 2021
jk-dusko-830x0

„Злобните јазици не ви можат ништо, се гледа колку се сакате“, напиша еден обожавател

Поп-sвездата Јелена Карлеуша (42) веќе неколку дена ужива со својот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ (36) во Турција, а Јелена покажа колку им е убаво да поминуваат време заедно, со нов пост на Instagram.

Јелена сподели фотографија од бањата со своите следбеници. Имено, дивата ужива во полна када, а покрај топлата бања, покрај неа е букет убави рози, кои ги доби од сопругот Душко.

Дека Душко се обидува да ѝ го направи секој момент уште поубав и поромантичен на Јелена, јасно е од приложеното, а истото го забележаа и нивните обожаватели, кои се воодушевени од гестот.

„Злобните јазици не ви можат ништо, се гледа колку многу се сакате“, „Душко е навистина пример за сопруг“, „Колку убав букет, тоа е љубов, тоа е внимание“, се само дел од коментарите на обожавателите на популарната двојка.

Дека фудбалерот не е како повеќето мажи неодамна покажа, бидејќи не му било тешко да оди на шопинг со својата поубава половина.

Имено, пријателот и соработник на Јелена, Зоран Бирташевиќ, кој исто така е во Турција, забележа момент во трговскиот центар, а на ескалаторите пред Зоран може да се видат Јелена и Душко, кои судејќи според торбите, купиле многу работи .

escort - Korsan taksi