Додека Карлеуша е во војна со Ким, Душко и неговата љубовница уживаат заедно?!

16 јануари, 2021
jk.jpeg

Бракот на српската sвезда Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ деновиве се тресе поради скандалот затоа што тамошните медиуми јавија за аферата на фудбалерот со српската дизајнерка за костими за капење Ана Јовановиќ, со која, според нив, тајно се сретнал во еден стан во центарот на Белград.

Иако Ана и 42-годишната Јелена одговорија и рекоа дека тоа е лага, медиумите сега имаат нови детали од оваа наводна афера според која Ана го водела Душко на настапите на нејзиниот сега веќе поранешен сопруг, пејачот Пеџа Јовановиќ Близанац. Имено, откако Пеџа и Ана се развеле, тие останале во правилна врска, а според пишувањата на медиумите, двајцата се поддржуваат едни со други при изборот на нови партнери.

Така, пејачот наводно и простил на Ана за тоа што започнала да се гледа со Душко за време на нивниот брак, па сега не им претставува проблем да се дружат заедно.

Инаку, медиумите излегоа пред неколку дена со информација дека фудбалерот неодамна ја преселил својата наводна љубовница од стан во центарот на Белград во изнајмен луксузен имот на Дедиње, во близина на неговиот дом со Јелена Карлеуша. Од овој имот, кој е „под носот“ на сопругата на нејзиниот сакан, Ана секојдневно објавува фотографии на кои вежба и се шминка на својата приказна на Инстаграм, но ужива и со пријателите кои често доаѓаат да ја посетат.

Според доброупатени извори за локалните медиуми, „стариот“ стан во центарот на Белград се уште е во игра за љубовни средби со Душко. Покрај тоа, фудбалерот наводно бил галантен, па ја наградил својата љубовница со скап подарок, џип BMW во вредност од 80 илјади евра.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi