Драма во „Ѕвездите на Гранд“! Натпреварувачка тврди: „Ме дисквалификуваа на барање на Јелена Карлеуша“

16 март, 2021
jelena-karleusa-vanja-knezevic-830x0

Вања се претстави во последната емитувана емисија на „Ѕвездите на Гранд“

Натпреварувачката на „Ѕвездите на Гранд“, Вања Кнежевиќ, тврди дека е дисквалификувана од натпреварот по барање на член на жирито, поп-sвездата Јелена Карлеуша.

Вања се претстави во последната емитувана емисија „Ѕвездите на Гранд“, но денес, 16 март, два дена по појавувањето, на својот профил на Instagram сподели објава во која ја извести јавноста дека официјално е дисквалификувана од натпреварот.

– Мили луѓе, заради Instagram Story-то што го споделив пред неколку дена, продукцијата, на барање на Јелена Карлеуша, донесе одлука да ме дисквалификува, бидејќи наводно ја навредив во тоа Instagram Story – напиша Кнежевиќ и додаде:

– Како прво, јас сум многу духовно исполнета личност, затоа немам потреба да навредувам, напаѓам, да се одмаздувам на што било и слично. Второ, содржината на моето Story не ја смислив јас, туку луѓето што ме означија на него, со желба да ме поддржат по емисијата што се емитуваше во саботата, што очигледно предизвика потреба сите овие луѓе да зборуваат за тоа, што е сосема разбирливо.

– Механички го споделував тоа Story како и секоја друга, и не одговорив на секој лош коментар за Јелена и навреди кон неа, бидејќи тоа не ме засега мене. Јасно е како ден дека коментарот испратен до мене не беше конструктивна критика, туку индиректна психолошка злоупотреба, тоа може да се види во самата презентација и во концептот на презентацијата, а не да коментирам за објавите испратени до мене, како наводно навредував некој – напиша таа.

– Сепак, јас не реагирав на тоа, моите родители не реагираа, иако ги имавме сите предиспозиции за тоа. И зошто не? Дојдов на натпреварот да пеам, да се дружам и да се натпреварувам! Благодарна сум за сè во животот, не трошам време и душа на омраза, навреди, туку на љубов и мир и се водам од реченицата: „Кој на тебе со камен, ти нему со леб“ – продолжи дисквалификуваната натпреварувачка.

– Со задоволство одговорив на секој ваш комплимент и секогаш ќе одговарам на поддршката, љубовта, апсолутно никој не може да ми забрани да го правам тоа! Ви благодарам што го препознавте и поддржавте мојот талент, тоа ми е најважно. Луѓето гледаат сè, времето покажува сè, па јас прифаќам сè во животот свесно и разумно. Сè во свое време – напиша Вања,

– Оваа содржина не е напишана со цел некој да се чувствува како прозван, навреден, туку со цел да се стави крај на оваа агонија. Шириме мир, хармонија и љубов – ја заврши објавата Вања.

escort - Korsan taksi