Џоковиќ стана хит на Интернет со белгиските гимнастичарки

23 јули, 2021
3170569-64966828-2560-1440

Новак Џоковиќ повторно ги воодушеви бројните љубители на спортот ширум светот, неговиот весел дух и дружељубивост се секогаш препознатливи. Овој пат, тој упадна на тренингот на олимписките гимнастичарки и им се придружи.

На Твитер и другите социјални мрежи се прошири фотографија која на својот Инстаграм профил ја сподели белгиската олимписка гимнастичарка Нина Дерваел.

На неа Нина вежба пред натпревар, а во изведувањето на шпага и се придружија Новак Џоковиќ и некои други белгиски натпреварувачи.

„Кога Новак Џоковиќ ќе ве замоли за фотографија, едноставно не можете да одбиете“, напиша Нина во описот.

Насмеаниот Џоковиќ ги освои срцата на фановите на белгиската натпреварувачка, а сликата е полна со коментари од други спортисти кои позитивно реагираат.

escort - Korsan taksi