ЕВЕ ЗОШТО ГО НАПУШТИ „ГРАНД“: Позадината на конфликтот меѓу Карлеуша и Поповиќ

8 септември, 2021
57569_zvezde-granda-18012021-0075_f

Досега, пејачката добивала 5.000 евра по емисија, или 200.000 годишно, а кога на средбата во јуни побарала од Саша Поповиќ да го удвои хонорарот, настанал хаос.

Поранешниот прв човек на најголемата музичка продукција на Балканот беше зачуден кога „малата од скандали“ ги постави условите под кои сака да ја продолжи соработката.

Контроверзниот дел беа финансиите. Саша се согласи да ѝ го зголеми хонорарот за 1.000 евра по емисија, така што во тој случај Јелена ќе добие 6.000 евра и со тоа ќе инкасира 240.000 евра годишно за 40 емисии.

Но, на крајот очигледно не успејаа да најдат заеднички јазик.