ГО ПРОМЕНИЛА ЛИЧНИОТ ОПИС! Дара Бубамара се најде на мета на потсмев и прозивки, пејачката претера со Фотошопот! (ФОТО)

15 април, 2021
afsafafa_1000x0

Пејачката не престанува да ја шокира јавноста

Пејачката Дара Бубамара е многу активна на Instagram каде што секој ден споделува свои фотографии во разни изданија.

Неодамна дури беше прогласена за кралица на Фотошопот, бидејќи на некои слики речиси не личи на себе поради преголемата обработка во апликациите и филтрите.

Иако во изминатиот период ослабе многу, сепак не се осмелува да ги објави своите „неуредени“ фотографии на социјалните мрежи. Поради што неодамна објавеното видео на пејачката за време на настап ги запали социјалните мрежи.

Имено, Дара и нејзиното 24 години помладо момче Тони во моментов се на одмор во Дубаи, од каде често споделуваат слики, а една од објавите на пејачката крена голема прашина.

Дара, по кој знае кој пат во последната година, е на егзотичен одмор, а сега објави видео од лудо возење низ пустината, а потоа и позираше.

Следбениците забележале дека левата нога на Дара е помускулеста од вообичаеното, но и дека изгледа „доцртано“.