„HURRICANE“: „Сакаме да влеземе во финалето, но ако победиме ќе бидеме ПРЕСРЕЌНИ!“ (ФОТО, ВИДЕО)

6 март, 2021
181739_hurricane-1_iff

Членките на групата „Hurricane“ истакнуваат дека би биле среќни доколку победат на Евровизија.

Оваа година групата „Hurricane“ ќе ја претставува Србија на Евровизија во Ротердам со песната „Loco Loco“. Сања Вучиќ, Ивана Николиќ и Ксенија Кнежевиќ зборуваа за новата песна со која ќе ја претставуваат Србија во Ротердам, како и за тоа какви се нивните очекувања.

Објавена е новата песна, кои се вашите впечатоци и колку очекувате од оваа песна?

– Така е, излезе нашата евровизиска песна наречена „Loco Loco“.

Впечатоците се одлични, но и очекувани. И годинава навистина се обидовме да направиме вистинска песна за Евровизија со нашиот тим. Песната ја направи Немања Антониќ со асистенција на Дарко Димитров, така што ние сме добитна комбинација за Ротердам.

Дали оди во Холандија или сè ќе биде преку видео пренос?

– Засега, според некои најнови информации, треба да одиме, но имајќи предвид дека ситуацијата се менува од ден на ден, тоа сепак може да биде само видео пренос. Евровизија е во мај, така што дефинитивно има уште време.

Кои се вашите очекувањата за Евровизија, дали мислите дека можете да победите?

– Би биле пресреќни ако победиме, но ние ќе бидеме скромни. Желба ни е да се пласираме во финалето.

Сања, ти го напиша текстот на песната, какви се твоите очекувања?

– Текстот е многу запаметлив и, слободно можам да кажам, едноставен. Брзо влегува во ушите на луѓето, брзо се памети што беше и мојата цел. Така, моите очекувања беа исполнети. Патем, би сакала да им се заблагодарам на сите во името на групата за позитивните коментари.

За Ивана и Сања: Бидејќи сте слободни, најдовте ли нова љубов на Карибите? И, давате ли простор да ви се случи нова љубов?

Ивана: – Бевме на Карибите и за одмор и за работа, така што немавме многу време да размислиме за тоа. Во овој период, ние сме посветени на подготвување настапи и настапот за Евровизија, а љубов кога ќе дојде, ќе дојде.

Сања: – Исто како што рече Ивана, ние се подготвуваме за Евровизија и тоа е најважно за нас сега. Не можете да изберете кога ќе ви се случи љубов, па кога ќе дојде добредојдена е (се смее).

Ксенија, ти си среќно заљубена, дали си подготвена да стапнеш на лудиот камен?

Ксенија: – Еден ден, се разбира, да, но мислам дека сум уште млад да направам таков потег сега. Јас сум посветена на мојата кариера исто како и моето момче, убаво ни е, нема потреба да се брзаме. Сè ќе дојде во вистинско време.

Која е вашата најголема поддршка?

– Семејството, пријателите, нашите фанови кои неизмерно ги сакаме и им сме многу благодарни за сè, но секако и нашиот тим кој е секогаш тука со нас и за нас.

Сите сме сведоци дека 2020 година беше лоша, како започна 2021 година за вас?

– Совршено. Засега сме задоволни. Ние сме здрави и тоа е најважно за нас. Би сакале оваа година комплетно да се реши ситуацијата, да започнеме со настапи и повторно да уживаме со нашите обожаватели.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris