Изгледа како милион долари, а носи парчиња од 250 денари: Најевтината стилска комбинација на Јелена Карлеуша

17 март, 2021
јк

Поп дивата Јелена Карлеуша со право се смета за кралица на стилот, а нејзините модни изданија никогаш не остануваат незабележани. Иако важи за пејачка со најскапа и најголема гардероба, Јелена повеќе пати истакнуваше дека најважна вештина е да се вклопат одредени парчиња облека и додатоци, а не цената на истата.

ЈК сигурно има неколку брендирани облеки, но има и такви работи што секоја девојка може да си ги дозволи, а изгледаат како милион долари.

На последното снимање на шоуто „Ѕвезда Гранда“, таа се појави во змиски фустан, а стајлингот го заврши со заштитна маска во истиот стил. Комбинацијата што ја воодушеви јавноста не чинеше стотици евра, згора на тоа, фустанот чинеше само 2500 денари, додека маската чинеше само 250 денари.

Јелена на својот профил на Инстаграм често објавува фотографии во разни модни комбинации, а покрај ексцентричните и сценските изданија, поп дивата покажува и како изгледа во секојдневното издание. Така, таа ги воодушеви обожавателите со беж комбинација на кратки хеланки и маица во иста боја, за што издвои вкупно 2700 денари.

escort - Korsan taksi