ЈЕЛЕНА ЃОКОВИЌ ПРОШЕТА БЕЗОБРАЗНО СКАП МОДЕН ДЕТАЛ: За тие пари може стан да купи!

4 октомври, 2021
248937_profimedia0258512373_ls

Јелена Ѓоковиќ е некоја која промовира едноставен и скромен живот, па многумина и замерија што шета со облека и модни детали кои чинат неколку стотици илјади евра.

Со оглед на тоа што многумина ја следат нејзината работа и живот, ниту еден детал не може да се пропушти во јавноста, а сепак на многумина им се чини дека Јелена не ја бара цената кога станува збор за добро парче.

Jelena Đoković

Она што предизвика вистинска бура на социјалните мрежи е часовникот што Јелена често го носи. Имено, станува збор за часовник на позната модна куќа чија цена чини околу 50 илјади евра.

Сопругата на Новак Ѓоковиќ неколку пати беше фотографирана со овој часовник на раката, и секој пат тие фотографии предизвикуваат лавина коментари. И додека некои ја критикуваат за скапите парчиња, тврдејќи дека тоа е во спротивност со ставовите што таа ги промовира, други ја бранат со цело срце, тврдејќи дека не гледаат ништо спорно во гардеробата и накитот што ги носи ако може да си го дозволи тоа.

escort - Korsan taksi