Јелена Карлеуша повторно „војува“: „Таквите луѓе се талог без мозок“

8 јуни, 2021
148263963_251400559942939_1846244890694544316_n

Во последната објава, таа ги повика примитивците кои пропагираат омраза и војни, но не откри на кого точно била упатена „острата“ порака.

Српската пејачка Јелена Карлеуша години наназад е позната како жена без „влакна на јазикот“, а во својата долга кариера водеше војни со бројни колеги. Некои нападна таа, некои ја нападнаа неа, но едно е сигурно – ретко кој успеваше да го извлече „потенкиот“ крај на дуелот со Карлеуша. Зад пејачката стојат бројни драми кои, судејќи според коментарите, успеаја да ја засенат дури и нејзината музичка кариера.

И токму кога обожавателите помислија дека Јелена направи пауза од расправиите, пејачката ги убеди во спротивното. Во последната објава, таа ги повика примитивците кои пропагираат омраза и војни, но не откри кон кого точно била упатена „острата“ порака.

jelena karleuša

‘Музиката е прекрасна уметност што ги поврзува луѓето. Музиката ги руши предрасудите, боите и границите. Музиката не смее да пропагира омраза, поделби, војни или да слави убиства. Никогаш. Секој што го прави ова, не е ништо друго освен перфидно копиле кое со лажен патриотизам заработува ефтини поени од примитивците. Секој што ужива во ваква злоупотреба на музиката, слуша нешто такво или го оправдува тоа е талог на човештвото без мозок. Нема разговор со такви луѓе затоа што тие нема да разберат – само ланец и голем катанец “, напиша Јелена и ја сподели објавата со повеќе од два милиони следбеници.

Јелена Карлеуша неодамна призна дека никогаш не успеала да се вклопи во стандардите на поднебјето во кое живее. ‘Затоа страдав многу и ме бев погрешно сфатена како што сум и денес. Но, тоа сум јас. Не можам да се менувам и не е дека не сум се обидела да бидам омилена на сите. Не ми успева. Можеби сум чудна за повеќето, но и луѓето се чудни за мене. И затоа научив да функционирам во мојот универзум. Пејам, танцувам, зборувам и работам како што сакам, игнорирајќи го фактот дека секој има свое мислење за тоа. 26 години многу грди, ужасни моменти за една жена, но и најголемите и најубавите обожаватели кои ме натераа да си кажувам секој пат дека морам да продолжам понатаму. Се надевам дека ќе ги пееме старите, а наскоро и новите песни уште многу години … Затоа што има уште многу планети до кои не сме стигнале и многу sвезди чекаат да ги допрам “, рече Карлеуша во својот пост на Инстаграм.

escort - Korsan taksi