„КАКОВ Е ОВОЈ КОСТИМ ЗА КАПЕЊЕ?“ Северина ги изненади обожавателите со ова издание, ваква не сте ја виделе досега (ФОТО)

12 јуни, 2021
fdddd

Невообичаено!

Пејачката Северина Којиќ моментално летува на Малдивите, но не го занемарува својот профил на Instagram, каде редовно објавува фотографии кои го одземаат здивот.

Денес, таа објави фотографија во многу необичен костим, бел со големи црни точки. Она што е невообичаено кај овој костим за капење е тоа што горниот дел повеќе потсетува на блуза. Навикнати сме да ја гледаме Сева во далеку попровокативно издание, па ова изгледа многу поскромно.

Покрај ова, останува прашањето како да се сончате во овој модел костим за капење, бидејќи покрива многу.

– Сурфање и забава – напиша таа во описот на фотографијата на која држи даска за сурфање.