Карлеуша јавно „ја уништи“ познатата американска јутјуберка: Не се знае дали повеќе болат сликите или пораките

20 септември, 2021
jk-instagram-1-830x0

Очигледно, реалноста е поинаква и славната јутјуберка ја копира Јелена

Поп -sвездата Јелена Карлеуша со објавените докази жестоко ја „спушти“ најпознатата американска транс јутјуберка Ники Драгун, која ја обвини дека ја копира. Но, очигледно реалноста е поинаква.

Ники објави песна и во еден дел вели „Јас прва го носев ова“ и ја покажува својата фотографија во светкав фустан, а потоа и фотографии од девојките кои наводно ја копирале. Таа ја стави и Карлеуша меѓу нив.

Таа напиша „dick“ над главата на Јелена, што значи – машки полов орган, а кога дозна за провокациите на нејзина сметка, Јелена брутално и одговори и објави докази кои ја „уништија“.

– Мојот к*р е дефинитивно подолг од твоите мали нозе. И те молам, не двоуми се да ме консултираш за твоите стајлинзи, како и сите овие години, бидејќи кога го правиш тоа сама – испраќаш погрешна порака за трансродовата заедница (изгледаш како евтина „стрејт“ проститутка) – рече Карлеуша.

Јелена објави и неколку комбинации кои Ники ги ископирала од неа, потоа објави порака што ја добила од Никита на Инстаграм во мај оваа година, а Јутјуберката и напишала: „Опседната сум со тебе“.

– Знам дека си опседната и можам да го разберам тоа, но да ме ставиш во видео како твоја копија? Врати си го к*рот назад – рече Карлеуша.

Да се потсетиме, не е првпат славните личности ширум светот да го копираат стајлингот на Јелена. Пред неколку години, познатата водителка Венди Вилијамс ги обвини Бијонсе и Ким Кардашијан дека ги копираат стајлинзите на Карлеуша, за што сведочат фотографиите кога ѕвезда носела одредена комбинација облека.

escort - Korsan taksi