Карлеуша објасни зошто гравот е подобар од бифтекот: „Месојади, не јадете лешеви!“

19 мај, 2021
jkk-830x0

„Ако веќе оправдувате убиство и немање милост, барем излезете со попаметен изговор“.

Јелена Карлеуша е вегетаријанец веќе неколку години, за што постојано истакнува на социјалните мрежи, апелирајќи до луѓето да престанат да убиваат и да јадат животни.

Тоа го стори и сега, во неколку стории што ги објави на Instagram.

– 2021 година е, а на луѓето сè уште треба да им се објасни дека јадењето леш на заклано беспомошно животно не е здраво. Покрај тоа што е бизарно, одвратно, непотребно и сурово- започна Јелена.

– За секој месојад кој тврди дека има потреба од протеини во исхраната, 100 грама грав има повеќе протеини, калциум и магнезиум од 100 грама бифтек. Бифтек е измислен збор за парче леш од теле… да звучи поубаво. И да, за разлика од месото/лешевите, гравот има нула холестерол. И да – гравот е поевтин од бифтекот – продолжи таа.

– Најлошо ми е кога луѓето велат: „Животните постојат за да јадеме. Затоа и ги одгледуваме“. Ако веќе оправдувате убиство и немање милост, барем излезете со попаметен изговор. Дури и „Не ми е жал затоа што е вкусно“ звучи малку пологично. Пологично е што си безмилосно, бесчувствително, го*** без мозок – напиша Јелена.