КАРЛЕУША СЕ НАДМИНА САМАТА СЕБЕ, ВО НОВОТО ВИДЕО ТАНЦУВА ПО ТАНГА И САДО-МАЗО КОСТИМ (ВИДЕО)

25 мај, 2021
187586506_472883400607317_8108604520666620766_n-e1621944578135

Пејачката најави нов албум кој треба да го види светлото на денот во текот на летото

Јелена Карлеуша најави објавување на нов албум наречен „Алфа“ со провокативно видео на Instagram.

Таа смени неколку костими. Најпрво излегува од хеликоптер во садомазохистичка облека, за потоа да се појавува во светкаво боди со крилја и интересно парче на главата. Потоа се извиткува на мотор во црвено светкаво боди.

„Вчитување на следното поглавје“, напиша Јелена во описот на видеото, додавајќи хаштагови „нов албум“, „ова лето“ и „Алфа“.

За само неколку часа собра 23.000 лајкови и докажа дека дефинитивно е една од најголемите sвезди од овие простори.