Катарина Грујиќ и Марко Гобељиќ открија дека очекуваат девојче – еве кога е терминот и кое име го избрале

8 септември, 2021
mladenovic02062021054-830x0

– Марко вели дека ни доаѓа уште една принцеза, но со оглед на тоа како шутира не би рекла – вели Катарина

Пејачката Катарина Грујиќ и фудбалерот Марко Гобељиќ неодамна го кажаа судбоносното „да“ на приватна церемонија, а по неколкумесечни шпекулации, парот откри дека очекуваат девојче.

Имено, во изминатите месеци Катарина неколку пати се појави во јавноста со „стомак“, но таа негираше дека е бремена.

Дури беше снимена на настап во тесен фустан, каде беше јасно дека нема вишок килограми, туку труднички стомак, но тогаш не се огласи на шпекулациите.

По венчавката, двојката ја воодушеви јавноста со добри вести.

– Во декември ќе имаме девојче и ќе ја наречеме Катја – рекоа Грујиќ и Гобељиќ за списанието „Стори“.

– Тоа е убаво име, започнува исто како и моето на К, и одлично оди со презимето Гобељиќ. Марко вели дека ни доаѓа уште една принцеза, но со оглед на тоа како шутира не би рекла. Постојано е со прекрстени нозе или клоца, нема ништо помеѓу. Се чини дека ќе биде вистинска комбинација на мене и Марко – дама и фудбалер.

escort - Korsan taksi