Ќе се стопите од ЉУБОВ: Јелена Карлеуша на НЕОЧЕКУВАН начин им се заблагодари на фановите за роденденските честитки (ВИДЕО)

17 август, 2021
323984_salon-otvaranje-01072021-0072_ff

Популарната пејачка денеска го слави својот 43 -ти роденден, а по тој повод со своите следбеници на Инстаграм сподели интересно видео

Пејачката Јелена Карлеуша денеска слави роденден, а нејзините следбеници и обожаватели не престануваат да испраќаат емоционални, духовни и симпатични честитки од полноќ, за што таа одлучи да се заблагодари на интересен начин.

За разлика од вообичаените фотографии за кои позира во скапи парчиња облека и провокативни пози, Карлеуша објави кратко видео направено во детството, на кое ја гледаме насмеана.

– Ви благодарам на сите за прекрасните честитки и желби, за љубовта, поддршката и мотивацијата! Тоа и значи на оваа sверка во која се уште живее дете кое знае да се радува на роденденот – напиша пејачката. – Ајде да продолжиме понатаму, уште една година со јасен план како да го освојам целиот свет и да ги остварам сите мои соништа! Ги затворам очите и ги дувам свеќите пред мене, цврсто верувајќи во годините што доаѓаат…

Многумина забележаа колку Карлеуша наликува на нејзината покојна мајка Дивна Карлеуша, српска позната радио водителка, во ова видео, а на некои од нејзините обожаватели не им избега ни колку помладата ќерка на Јелена, Ника, изгледа како мајка и како дете.

escort - Korsan taksi