ЌЕ ЗАСТАНАТ НА ЛУДИОТ КАМЕН! Софија и Лука решија каде ќе го кажат судбоносно ДА, моделот ги откри сите детали

7 април, 2021
luka_sofija_cover

„Тоа е наш ритуал. “

Манекенката Софија Милошевиќ се сврши со фудбалерот Лука Јовиќ минатата година, по неколку месеци го добија синот Алексеј, а сега е време да направат планови за венчавката.

– Црковната венчавка ќе биде кај нас, а што се однесува до граѓанската, сакавме да биде на некоја егзотична дестинација, покрај море, но се откажавме. Единствено што знаеме е дека нема да имаме помпезна прослава, туку дека ќе прославиме во релативно мал круг на луѓе.

– Здравјето ни е на прво место, затоа ги одложивме сите планови се додека не се подобри епидемиолошката состојба – манекенката ги откри плановите за венчавката.

Парот, сепак, најмногу ужива во улогата на родители, па затоа се насочени кон Алексеј и неговото растење. Милошевиќ откри каков татко е Лука.

– Жал ми е што не можам со зборови да објаснам колку Лука е прекрасен татко. Тој е целосно посветен, јас сум навистина горда и среќна што имам таков човек покрај мене. Досега не поминало капење на бебето без негово учество. Тоа е наш ритуал во кој уживаме и двајцата – заклучи таа.

escort - Korsan taksi