„Кога ѝ ја ставаа притворската алка на ногата, целиот свет ми се сруши врз глава“: Анастасија за ПРВ ПАТ проговори за притворот на Цеца – „Никогаш не разговаравме за тоа!“

2 јуни, 2021
ceca-anastasija

Анастасија Ражнатовиќ се присети на моментот кога на нејзината мајка Цеца Ражнатовиќ и беше ставена алка на ногата и беше ставена во домашен притвор.

Анастасија Ражнатовиќ неодамна го прослави својот 23-ти роденден во ресторан во главниот град, а по забавата, за прв пат проговори пред медиумите за тешките моменти од нејзиниот живот – апсењето на нејзината мајка Светлана Цеца Ражнатовиќ, но и домашниот притвор и дадилките, врежан до крајот на животот.

Пејачката Цеца Ражнатовиќ и нејзината сестра Лидија беа уапсени во 2003 година во акцијата „Сабја“ и поминаа четири месеци во притвор.

Анастасија тогаш имала само пет години и открила дека не знаела каде всушност е нејзината мајка, но ѝ било кажано дека е на турнеја во Америка.

Децата ми велеа: „Мајка ти е во затвор“ а јас велев: „Не зборете глупости, секако дека не е! Таа е на турнеја во Америка!“. Кога сфатив што точно е вистината на 10, 11 години, првото нешто што ми проаѓаше низ глава беше дека тие деца што нѐ задеваа беа во право. А јас се расправав со нив, велејќи им дека весниците лажат. Секако дека тогаш бев премногу млада за да ја знам вистината, ниту, пак, ќе го разберев тоа. Од ова перспектива, разбирам дека беше потребно да ни ја кажат таа „бела лага“ “, рече Анастасија.

Осум години подоцна, таа доживеа нов шок, кога на Цеца Ражнатовиќ ѝ беше ставена алка на ногата и беше ставена во домашен притвор во нивната вила на Дедиње. Анастасија вели дека 22 јуни 2011 година ќе остане врежана во нејзината меморија до крајот на животот.

„Никогаш нема да го заборавам моментот кога дојдоа да ѝ стават алка на ногата. Дотогаш, сè беше во воздухот, да или не, но кога тоа се случи, целиот свет се сруши врз мене. Беше ужасно тешко. Кога Ги видов како ја ставаат алката, не можев да издржам, па почнав да плачам пред сите. Тогаш пуштив солзи, и потоа никогаш повеќе. Закопав сè и ги потиснав чувствата. Беше премногу тешко за мајка ми кога таа ме виде како плачам, и секако не беше лесно за Вељко. Не разговаравме за тоа, што е многу чудно, затоа што сите тројца сме многу отворени и зборуваме за сè. Очигледно, на сите ни беше полесно да не зборуваме за тоа, туку за посветли теми, за да не полудиме целосно сите, беше огромно и не требаше да се занимаваме со таа тема дома “, објасни таа.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi