„Кога се расправате со жена, ништо не разбирате“: Вељко ги насмеа сите со новата објавата поврзана со кавгите меѓу маж и жена

23 јануари, 2021
bojovic300120190016-830x0

Ражнатовиќ сподели цитат на социјалната мрежа во врска со машко-женски расправи

Вељко Ражнатовиќ често споделува разни фотографии и снимки на својот Instagram и често се шегува со своите следбеници.

Имено, овој пат тој сподели цитат во врска со кавги меѓу маж и жена, што многумина ги натера да помислат дека токму тоа е ситуацијата со него и неговата сопруга Богдана Ражнатовиќ.

– Кога се расправате со жена, исто е како кога инсталирате нешто. Не разбирате ништо, само next, next, next и на крајот се согласувам со условите за употреба – стои во неговата приказна.

Инаку, Вељко неодамна зборуваше за неговите поранешни девојки Маша Терзиќ и Луна Џогани:

– Мојата единствена сериозна врска беше со Маша, траеше четири години. Тоа беше првата голема љубов, но ние бевме деца, не бевме зрели… Бев во смешна врска со Луна. Всушност, тоа не беше ни врска, бевме во градинка. Мислам дека имавме шест години. Како деца бевме вљубени еден во друг. Слушнав дека е бремена и ѝ посакувам среќа, да се омажи и да има што повеќе деца – изјави тој.

escort - Korsan taksi