ЛЕПА БРЕНА се ПОФАЛИ со брод од 30 метри: Крстареше на Јадранот со Боба во јахта од само 6 СПАЛНИ соби и откри за што ќе им служат

12 април, 2021
брена јахта

Пејачката Лепа Брена се пофали со нова јахта, со која крстареше по Јадранот со месеци.

„Тоа е убав брод од околу 100 стапки, со пет, шест спални соби“, рече пејачката и додаде:

“Тоа не беше само подарок за нашите души, ние сакавме да си дозволиме нешто затоа што тоа беше специфична ситуација. Не можевме да се дружиме, барем да пловиме. Така, имав една година пауза и одмор за да го правам она што навистина го сакав, да пловам и да бидам на вода “.

Пејачката се осврна и на продажбата на Гранд, која по 18 години повеќе не е во нејзина сопственост .

“Гранд е наше дете. Растеше и порасна. Таков беше моментот и и деловениот договор. Без оглед на тоа што не сме во сопственички односи, јас секогаш ќе останам да работам и да соработувам со Гранд бидејќи тоа е нешто блиску до мене, и во таа куќа се чувствувам како дома “.

Lepa Brena

Да потсетиме, Лепа Брена во последните денови беше во центарот на вниманието поради нејзината пријателка Мирјана Антоновиќ, која пристигна во Србија од Америка со нејзиниот син Девин со цел на суд да докаже дека татко на нејзиниот син е пејачот Мирослав Илиќ.

Mirjana Antonović