Љубовницата на Тошиќ, Ана, добила понуда за во „Задруга“: Подготвени се да ѝ искешираат 50 илјади евра…

23 јануари, 2021
pjimage-2021-01-21t170053-868

Пинк ѝ понуди петмесечен договор и ако се согласи на нивните услови, Ана би била еднаков кандидат за победа во четвртата сезона на Задруга“, без оглед на накнадното влегување.

Инфлуенсерката и претприемачка Ана Јовановиќ е релативно ново лице на поп-сцената, а колумните во весници ги полни благодарение на фудбалерот Душко Тошиќ (35), сопруг на пејачката Јелена Карлеуша (42).

Медиумите тврдат дека Ана и Душко биле во љубовна врска веќе неколку месеци, а сега инфлуенсерката добила понуда да влезе во најпопуларното реално шоу „Задруга“.

Сопственикот на телевизиската компанија „Пинк“, Жеjко Митровиќ, наводно, е подготвен да искешира 50 илјади евра за нејзиниот влез во контроверзното шоу. „Пинк“ ѝ понуди петмесечен договор и ако се согласи на нивните услови, Ана би била еднаков кандидат за победа во четвртата сезона на „Задруга“, без оглед на накнадното влегување.

– Ана не е заинтересирана за оваа понуда, но ги ислуша сите предлози на продукцијата „Пинк“ и им се заблагодари за поканата. Таа не е личност за реалити и свесна е дека со учество во шоуто, ќе се појават бројни детали од аферата Тошиќ-Јовановиќ. Но, најголемата причина сè уште се децата. Ана не можеше без нив пет месеци – изјави извор.

Иако Тошиќ не сакаше да ја коментира врската, Карлеуша проговори и се потруди да негира сè. Затоа и Ана негираше сè преку социјалните мрежи.

– Би сакала да побарам од мое лично име, и од името на другите актери во оваа измислена афера, да престанете да објавувате лажни информации затоа што на овој начин им нанесувате голема штета на две семејства, особено на нашите деца – напиша Ана, која има три деца со пејачот Пеџа Јовановиќ.

– Драга Ана, тие треба само да се жалат затоа што животот во толку многу омраза и зло не е живот – рече тогаш Карлеуша.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi