Лукас ја прозва Ј.К. за тоа што бара помош од државата, а има сопруг МИЛИОНЕР: Пејачката ЖЕСТОКО му возврати!

7 април, 2021
ana-darko-1-1536x1274

Објасни каква помош побарала и за кого

Фолк sвездата Аца Лукас неодамна ја прозва својата колешка Јелена Карлеуша во емисијата „Амиџи шоу“, затоа што преку социјалните мрежи апелираше до државните органи да им помогнат на музичарите кои се во криза поради пандемијата на коронавирусот.

Аца истакна дека не му било јасно зошто побарала помош „кога има сопруг милионер“, па пејачката решила да му одговори.

Во вклучувањето за емисијата „Шок поток“, Јелена истакна дека побарала помош за колегите кои заработувале малку пред пандемијата, а сега тие се тотално без приходи.

„Не се жалам, се залагам за оние што немаат, а тие се, на пример, музичари кои свират за 50 евра цела ноќ во ресторан или кафуле, кои имаат кредити и деца и семејство, а не заработиле ни динар, за разлика од другите професии и индустрии, повеќе од една година. Само сакав да ги поддржам во тешкава ситуација, бидејќи многумина се очајни, многу ја напуштаат земјата, многумина наоѓаат друга работа и да побарам од државата да им помогне на некој друг начин, не да им дозволи да играат и да пеат“, рече ЈК.