ЛУНА И МАРКО СЕ ВЕНЧАА! Ги измамија сите и ТАЈНО го кажаа судбоносното „ДА“ (ФОТО)

16 мај, 2021
luna-marko

Со денови се пишува за ова, а се случи денес!

Иако се криеја со денови кога ќе биде, Луна Џогани и Марко Миљковиќ се венчаа денес во општина Раковица.

Прво беа фатени како излегуваат од зградата во Нов Белград каде што живеат, придружувани од нивниот кум, а Луна и Марко беа свечено облечени и дотерани за оваа специјална пригода.

Луна носеше црн мини фустан и бела јакна, а косата во висока опашка, додека Марко беше во црна јакна и фармерки.

Иако се шпекулираше со денови кога ќе се одржи венчавката, а потоа Анабела спомна „понеделник“ во едно видео, што многумина ги натера да помислат дека ќе биде утре, Луна и Марко успеаја во нивниот план да се венчаат во строга тајност.

Според изворот, кој исто така ја објавил оваа информација, венчавката се случила денес, а парот подоцна отишол во ресторан да прослави.

Како што е познато, парот наскоро ќе добие ќерка, која ќе го носи името Миа, а Луна треба да се породи на почетокот на јуни.

escort - Korsan taksi