Луна откри дека има здравствени проблеми по породувањето: Не сум задоволна кога ми се менува телото

2 август, 2021
luna-djogani-marko-miljkovic017-830x0

Џогани се обрати кај доктор

Поранешната учесничка во реално шоу, блогерка и пејачка Луна Џогани со своите следбеници на Инстаграм сподели дека има здравствени проблеми.

Имено, Џогани откри дека има проблеми со хормоните, по породувањето. Таа посочи дека не е задоволна од своето тело.

– Моите хормони полудеа после бременоста, не сум задоволна кога гледам дека телото ми се менува и има проблеми што ги немав порано. Еднаш имав сличен проблем, и докторката ми помогна. Знам дека и сега ќе биде така – напиша Џогани на Инстаграм.

Со оглед на тоа што се обратила кај доктор, како и дека фотографијата што ја објави е од ординацијата, нема сомнение дека се ќе биде во ред.

Да се потсетиме, Луна се породи на 15 јуни оваа година и ја роди ќерката Миа. Оттогаш, таа редовно објавува на социјалните мрежи како поминува време со својата сакана, а забележливо е дека Џогани секогаш е добро расположена откако стана мајка.