Цеца му го подари џипот на своето момче Богдан, а еве колку чини ОВАА СКАПА МАШИНА (ВИДЕО)

23 април, 2021
434071_16-bogdan-nopvi-auto_f

Цеца Ражнатовиќ (47) на својот дечко Богдан Срејовиќ (38) му го подари својот автомобил! Менаџерот до неодамна го возеше своето „Пежо“ од 3.000 евра, а сега џипот на пејачката од 50.000 евра!

– Богдан е многу скромен и не сакаше да го прифати предлогот на Цеца да избере автомобил од нејзиниот возен парк. Меѓутоа, откако ја прележа короната, тој го однел својот автомобил на поправка, па беше принуден да најде друг. Цеца тогаш му повтори да земе кој сака автомобил, а ако не сака, може да му се јави на нејзиниот возач. На крајот, тој го избра црвениот „Range Rover“ – вели извор и додава дека на никој од Ражнатовиќ моментално не му треба тој автомобил:

– Богдан сега го вози автомобилот со кој претходно управуваа Анастасија и Богдана. Бидејќи Анастасија е во Мексико, а Богдана и нејзиниот сопруг Вељко се во Москва, сега не им треба тоа возило, а Богдан е добредојден. Со тој џип, тој оди да ја земе својата ќерка Искра и да оди на работа.