МИЛИЦА ТОДОРОВИЌ ОДБИ КОЛЕГА ЗА ДУЕТ: Причината ќе ве изненади – пејачката објасни што се случило!

19 јули, 2021
milica-todorovic-2

Милица Тодоровиќ остана без дует!

Милица Тодоровиќ неодамна пееше во заводливо издание на сплав во Белград, а пред настапот разговараше со насобраните новинари и коментираше за актуелните настани и новости во нејзината кариера.

Пејачката истакна дека е неизмерно среќна што повторно е со публиката, како и што работи на нови песни.

“Сè уште не знам како ќе се вика. Песната ми е многу чудна. Дури и мене ми е чудна. Кога ми дојде песната “Лимонада”, ми беше исто така чудно. Кај мене се нешто е чудно, па на крајот излезе добро“- изјави Тодоровиќ.

Sloba Radanović duet sa Milicom Todorović

Тогаш откри дека требало да сними дует со Слоба Радановиќ за неговиот нов албум „Момче од провинцијата“, но призна и дека тоа не се случило затоа што заборавила да му се јави.

„Во принцип, важно ми е песната да биде добра, не ми е гајле дали е дует или соло. Слоба Радановиќ ме повика за нов албум, за дуетска песна, но тогаш бев на пат за Египет, и реков ќе ти се јавам и заборавив, а тој дури го издаде и албумот, така е тоа“, рече пејачката.