„МОЈАТА МАЈКА БЕШЕ САМА СО ГОДИНИ“: Анастасија Ражнатовиќ искрено за љубовниот живот на Цеца!

13 мај, 2021
321048_nadja-pavic-atelje-11052021-0063_ff

Младата пејачка ја воодушеви публиката и со својот стајлинг и со елоквентноста.

Анастасија Ражнатовиќ ги воодушеви сите на еден настан во главниот град, каде се појави во трендовски, цветен фустан и со бујни кадрици. Сега таа откри зошто ја направила промената.

„Причината за мојата промена се спотовите кои ги подготвувам. Бев црна четири години, па решив да сменам малку. Мојот дечко ми рече дека сум убава како и да е, тој ми одговори многу дипломатски. Ја сакам модата и ја следам, но мислам дека таа не го чини човекот туку некои други квалитети. За добра фотографија на мрежите ми требаат 5 минути, се извежбав. Сега можам да најавам 2 нови песни што ќе бидат брзи и летни, мислам дека постигнав два големи хита.А што се однесува до настапите, тоа не го знаеме заради короната“- рече младата пејачка.

Пејачката ја коментираше и врската на Цеца со Богдан Срејовиќ.

„Мајка ми беше сама толку години и се бореше сама, мислам дека машката фигура не ѝ влијае на нејзината сила. Може само да ѝ го направи животот подобар. На неа ѝ значи нашето мислење, но мислам дека немам право да ѝ се мешам , Можам само да ја поддржам. Таа е задоволна и од мојот и од изборот на Вељко“- рече Анастасија.

На крајот од интервјуто таа рече дека на внукот му дозволува сè, и дека во моментот не се гледа себеси во улога на мајка и дека би сакала мајчинството да ѝ се случи спонтано.