Момчето на Цеца ги покажа двете најважни личности во својот живот: „Едната ми даде живот, а другата му даде смисла“

7 февруари, 2021
bogdan-830x0

Тој на социјалните мрежи објави фотографии со својата ќерка Искра и својата мајка

Избраникот на српската пејачка Цеца Ражнатовиќ, Богдан Срејовиќ, на Instagram ги покажа двете најважни личности во неговиот живот, а фотографиите ѝ се допаѓаат и на фолк sвездата.

Имено, тој на социјалните мрежи објави фотографии со својата ќерка Искра и неговата мајка, а исто така напиша и емотивна порака:

– Едната ми даде живот, а другата му даде значење – напиша тој во описот на фотографијата.

Да потсетиме, Срејовиќ е од Крагуевац, а неговите родители Милош и Мирјана се разведени. Мајката Мирјана Кокиќ е активна на социјалните мрежи, каде често објавува слики со нејзиниот син, но и нејзината внука, која Богдан ја доби во бракот со Зорана Тасовац, сегашната девојка на Саша Ковачевиќ.

Таткото на момчето на Цеца, Милош Срејовиќ, е поранешен спортист, кој сè уште го држи рекордот во дисциплината атлетика во три скокови. Во далечната 1978 година стана европски шампион, но поради повреда ја заврши кариерата.

Цеца и нејзиното момче се запознале преку пријател и оттогаш не се разделиле. Двајцата сега често објавуваат фотографии и видеа од исти места, а неодамна објавија и заедничка слика, која ги воодушеви обожавателите на Цеца.