МОМЧЕТО НА ТЕОДОРА ЏЕХВЕРОВИЌ ВО СОЛЗИ ИТНО ЈА НАПУШТА СРБИЈА: И двајцата не можат да си дојдат на себе! (ВИДЕО)

25 август, 2021
953685_197886913-475341813764455-30085417898127077-n_ls

Тој ја напушта Србија, а сите зборуваат за гестот на пејачката.

Момчето на Теодора Џехверовиќ, Нино Челебиќ, наскоро ќе ја напушти Србија и ќе замине за Бразил поради деловен договор што го потпишал.

Теодора подготви изненадување за момчето, така што ги собра сите луѓе што им се драги во еден бар, со цел да го испрати Нино на убав начин и да му даде максимална поддршка за идните потфати.

Имаше многу трогателни моменти, а првиот по ред е оној кога Теодора го донесе Нино на локацијата каде што ги собра пријателите.

Еден од најтрогателните моменти беше кога Нино влезе со врзани очи, а таа му го извади превезот и кога ги виде пријателите, Нино плачеше, потоа ја гушкаше и цврсто ја бакна Теодора.

Во прилогот подолу, погледнете го емотивниот момент.